Свр билтен
Стружанец нападнат со тврд предмет во Орман
Четириесет и две годишен стружанец се здобил со тешки телесни повреди откако бил нападнат со тврд предмет од едно лице во селото Орман.
На 03.04.2023 во 10:45 часот во СВР Охрид, од Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо”, пријавено е дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.И.(42) од Струга.
Според пријавеното, на 02.04.2023 во селото Орман. А.И. бил нападнат со тврд предмет од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


