Сообраќајни контроли
Казнети 16 пешаци во Охрид, 13 во Струга
Полициските службеници затекнале 32 пешаци кои небезбедно преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премни или минувалиште (Охрид-16, Струга-13, Кичево- 3).
На 03.04.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот, преземени се сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид.
Притоа, полициските службеници затекнале 32 пешаци кои небезбедно преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премни или минувалиште (Охрид-16, Струга-13, Кичево- 3). Против нив биле поднесени соодветни платни налози – се вели во соопштението на СВР Охрид.


