За двата случаи ќе бидат поднесени пријави
Откриена бесправна сеча на огревно дрво во Лешани и Велмеј
Во атарот на селата Лешани и Велмеј, шумочуварската служба од Подружницата Галичица во Охрид заедно со Шумската полиција од Охрид открија бесправна сеча на огревно дрво.
На ден 18.03.2023 година, шумочуварската служба од Подружницата Галичица во Охрид во заедничка акција со Шумската полиција од Охрид, на м.в. Никутинец, атар на село Лешани, откри бесправна сеча на огревно дрво во количина од 10 метри просторни.
Истиот ден, друга патрола на Шумската полиција од Охрид, во атар на селото Велмеј, откри исто така бесправна сеча на огревно дрво.
Бесправно посечената дрвна маса е одземена и записнички предадена во Подружницата Галичица во Охрид. И за двата случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи.


