Кривична пријава
Прилепчанец ширел говор на омраза на фејсбук
Кривична пријава против 38-годишен прилепчанец кој по објава од портал на фејсбук, напишал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ц.Б.(38) од Прилеп поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем”.
Тој по објава од еден портал на социјалната мрежа Фејсбук, напишал коментар со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство – се вели во соопштението на СВР Охрид.


