На денешното судење охридското обвинителство ги презентираше материјалните докази меѓу кои и видео-снимка како доказ на која се гледа како три лица го тепаат Христијан Пендиков вечерта на 19 јануари во центарот на Охрид.
Судијата Бојан Мартиноски, кој го води процесот, судењето го продолжи со изведување на материјалните докази. Од страна на обвинителството во судница беше пуштена и снимка од безбедносна камера од инцидентот на критичната вечер.
На видео записот се виде како две лица тепаат едно лице. Кои се лицата допрва треба да се утврди. Впрочем за тоа и е постапката, да се утврди вистината што се случило на критичниот настан кои лица го претепале кое лице – истакна Камишевски.
Претставникот на одбраната, адвокатот Димитрија Цобоски смета дека снимката презентирана пред судот не потврдува кој го повредил оштетениот.
Вие ги гледавте снимките. И обвинителот вели „јас мислам дека е тој“. Не треба некој да мисли дека е тој или овај туку треба да има докази од кои неспорно може да се утврди. Мислење на обвинител дали е тој или не е тој, не е доволно за некој да се огласи за виновен – вели Цобоски, адвокат на обвинетиот Спасески.