Skip to main content

Великичетврток

Велигденски базар на плоштадот Крушевска Република

На 13-ти април со почеток во 11 часот на плоштадот Крушевска Република ќе се одржи седмиот по ред Велигденски базар.
 |  инфодеск  | 
Велигденски базар

ЈП „Градски Пазар“ заедно со Општина Охрид на ден 13.04.2023 година (Величетврток), со почеток во 11 часот, на плоштадот Крушевска Република, го организира седмиот по ред Велигденски базар.

Ги повикуваме сите заинтересирани производители и продавачи да земат учество на базарот со изложување на своите велигденски украси и сувенири како и традиционални македонски специјалитети (ѓомлезе, питулици, торти, колачи). Сите заинтересирани производители и продавачи, своето учество на базарот можат да го пријават во административните простории на ЈП Градски пазар најдоцна до 10.04.2023 година или на тел: 076 267 909 – информираат од ЈП „Градски пазар“.