Skip to main content

Детско драмско студио драмакидЗ

Вечерва премиера на претставата Мали vs Голем

Вечерва, вистинско театарско доживување за најмладата, но и за возрасната театарска публика во градов. Премиера на театарската претстава „Мали vs ГОЛЕМ“ во изведба на детското драмско студио „ДрамаКидЗ“.
 |  инфодеск  | 
Мали против голем

Вечерва со почеток во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена премиерата на театарската претстава „Мали vs ГОЛЕМ“ во изведба на детското драмско студио „ДрамаКидЗ“.

Оваа претстава претставува коавторско дело на драматургот Кристина Тодороска Петреска и режисерот Ирена Стеријовска. Обработува теми од секојдневието на младите личности нивниот глас и размислувања, наспроти образовниот систем и воопшто светот на возрасните.

Исклучително сум изненадена и почестена сум што имав можност да работам со толку талентирани деца. Со Тинка договоривме бидејќи ги видовме нивните потенцијали, дека ќе напишеме приказна која произлегува од нивните мотиви. Она што ним најмногу им се случува и ги интересира во животот, а тоа е училиштето – вели Стеријовска.

Мали против голем

„ДрамаКидЗ“ започна со работа од октомври 2022 година и брои 26 членови од 3-то до 8-мо одделение, кои макотрпно работеа за реализацијата на овој проект.

Со нив работат професионалци, членови на ансамблот на НТО и тоа драматурзите Зоран Пејковски и Кристина Т. Петреска, режисерите Ирена Стеријовска и Ѓорѓи Ризески, како и актерите Филип Кипровски, Павел Маслов и Стрезо Стаматовски.

Мали против голем

Координатор на Драмското студио е Зоран Левески, стручен соработник за драмска дејност при НУЦК „Григор Прличев“.

Репризата на претставата е закажана во петок на 7-ми април.