Започна Регионалниот натпревар Млади библиотекари
Денеска во 10 часот во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ започна Регионалниот натпревар „Млади библиотекари“ на кој учество зедоа 14 ученици од Основните училишта во Охрид и општина Дебрца.
Тестот за натпреварувачите ќе се состои од 20 прашања на кои писмено ќе одговараат за време од еден час. Натпреварувачите ќе се потпишуваат со шифра, а Комисија од Библиотеката по прегледувањето на прашалниците на посебен настан ќе го прогласи победникот – информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид.
Победникот од натпреварот ќе се стекне со право на учество на 22-от Републички натпревар „Млади библиотекари“ кој во организација на Библиотекарското здружение на Македонија годинава ќе се одржи во библиотеката „Искра“ во Кочани на 12 мај.