Skip to main content

Јп охридски комуналец

Активности за уредување на зеленилото во градот и селата

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ реализираа низа активности за уредување и тековно одржување на зеленилото во градот и селата.
 |  инфодеск  | 
Комуналец

Пролетни активности на екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ за уредување и тековно одржување на зеленилото во градот и селата.

Хортикултурно се уредуваше дворот од ОУ „Св. Климент Охридски“-оплеменување на парковските содржини со нови садници во школскиот двор. Нашите екипи имаа вонредни активности за отстранување на дива и жбунеста вегетација, како и кастрење на надвиснати гранки кои го попречуваат прегледното движење во селата Ливоишта и Љубаништа. Одржани се и тековни активности за косење на тревните површини во нас. Христо Узунов, покрај каналот Студенчишта и во Стар Град – информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Комуналец
Комуналец