Skip to main content

Премиерот Никола Груевски во посета на Република Ирска

Премиерот Никола Груевски денеска е во еднодневна посета на Република Ирска.

Nikola Gruevski
Никола Груевски
Шефот на Владата во Даблин, ќе има средба со својот домаќин – претседателот на ирската Влада Брајан Ковен и ќе биде примен од ирската претседателка Мери МекАлис.

DablinГруевски ќе оствари средба и со спикерот на Претставничкиот дом Шимус Кирк и со претседавачот на Сенатот на Ирска Пат Мојлан.
Во рамки на посетата на Даблин, Груевски ќе има обраќање и во Институтот за меѓународни и европски прашања.
Дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Ирска се воспоставени во 1994 година.  
За време на ирското претседавање со Европската унија,  Владата на Република Македонија на 22 март 2004 година во Даблин ја поднесе апликацијата за членство во Унијата.





{loadposition content9}