ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 08.04.2023 год. (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Македонија“ и „Охридати“.
Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 08.04.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.