Skip to main content

Свр билтен

Охриѓанец бил агресивен кон полициски службеници

Приведен е 62-годишен охриѓанец кој го нарушил јавниот ред и мир на ул. „Момчило Јорданоски“, а потоа бил агресивен кон полициски службеници.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 07.04.2023 година во 15:30 часот, во СВР Охрид приведен е Г.К.(62) од Охрид кој, претходно на улицата „Момчило Јорданоски” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир.

Потоа бил агресивен кон полициските службеници кои, преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна  пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.