На регионалниот натпревар по англиски јазик за учениците од средните училишта, учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ постигнаа одлични резултати.
Ученичката Андреа Савиќ од прва година под менторство на професорката Борка Секулоска Вретоска го освои првото место, а учениците Филип Гугоски од прва година, Андреј Цацаноски и Виктор Попов од трета година под менторство на професорката Борка Секулоска Вретоска, како и Ана Спироска и Фросина Нечовска ученички во втора година под менторство на професорката Ива Стрезоска Кичеец го освоија второто место.
Сите ученици се стекнаа со право на учество на државниот натпревар. Им честитаме на учениците и менторите за постигнатиот успех и им посакуваме успех и на државниот натпревар – велат од ОЕМУЦ.