Skip to main content

Голем христијански празник

Градоначалникот Пецаков го честита Католички Велигден

Градоначалникот Кирил Пецаков, упати честитка до сите христијани со католичка вероисповед по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
 |  инфодеск  | 
Велигден

По повод големиот христијански празник Воскресение Господово – Велигден, градоначалникот Кирил Пецаков, упати честитка до сите христијани со католичка вероисповед.

Драги охриѓани, верници со католичка вероисповед, сите сограѓани кои го прославувате најрадосниот христијански празник Велигден по Грегоријанскиот календар, најискрено ви го честитам празникот посакувајќи да го поминете во мир благосостојба и среќа. 

Христовото воскресение нè учи дека вербата и надежта нè прават човечни. Затоа и понатаму да останеме свои, обединети во духот на промовирањето на вистинските вредности кои ќе придонесат во зацврстувањето на меѓусебната доверба и почит. Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување овој голем христијански празник не потсетува дека сите во себе носиме љубов и радост. Со добра мисла и спокој во душите на овој ден посакуваме здравје и среќа за ближните, милост и благослов за изнемоштените и молитва за немоќните и слабите.

Христос воскресна! Навистина воскресна! Честит празник и за многу години! – се вели во честитката на градоначалникот Пецаков.