Skip to main content

Повредени пет полициски службеници

Инцидент по натпреварот Караорман-Охрид

Инцидент се случил по завршување на натпреварот Караорман-Охрид. Оштетен бил дел од инвентарот на стадионот во Струга, а повредени се пет полициски службеници.
 |  инфодеск  | 
Караорман Охрид натпревар

На 08.04.2023 околу 17:00 часот во Струга, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Караорман од Струга и Охрид, во рамки на Втората фудбалска лига, бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица од навивачка група од Охрид, при што бил оштетен дел од инвентарот на стадионот.

Притоа, при преземање мерки со повреди се здобиле пет полициски службеници од полициската станица Струга. По целосно документирање и расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.