Сообраќајни контроли
Казнети 18 возачи во Охрид, 15 во Струга
Во Охрид санкционирани 18 возачи, а во Струга 15, поради управување моторни возила со брзина поголема од дозволената.
На 09.04.2023 година од 14 до 20 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 71 возач кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-18. Струга-15, Кичево-36, Дебар-02) – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


