Skip to main content

Ти си твојот град

Нова дивоградба кај Самоилова тврдина

Жители на Стариот дел од градот испратија допис до нашата редакција преку кој реагираат на нова дивоградба кај Самоилова тврдина.
Дивоградба

До нашата редакција стигна допис од жители на Стариот дел од градот. Реагираат на нова дивоградбата кај Самоилова тврдина, КП 15805/1 КО Охрид 3 (локација https://maps.app.goo.gl/jkNjeXdENTWd4tVV7).

Дивоградба

Во продолжение прочитајте го целиот допис од соседите кои живеат во непосредна близина каде што се гради дивоградбата.

Од 07.04.2023 (петок) таму повторно се гради. На 01.04.2023 донесен е градежен материјал. На 04.04.2023 пријавена е подготовката за градба во надлежните институции, градежната инспекција на општина Охрид и националната установа за заштита на културното наследство Завод и музеј- Охрид. Сопственикот на земјиштето направил претходни подготовки за да ги врши нелегалните градежни активности затскриено, односно поставил метални тезги, барикади на пристапот до местото и го заобиколил цело место со зелена земјоделска мрежа, за да не можат да се видат активностите позади мрежата. Но, во прилог имам слики кои покажуваат кога е донесен материјал, каде е истоварен, и како почнува да се гради нова дивоградба, после само 2 месеци од градбата на првата дивоградба. На 09.04.2023 потпорниот ѕид е камуфлиран, скриен со црн најлон, зелена мрежа итн, за да не биде вооцлива новата дивоградба. Првата дивоградба од сите надлежни инспекциски увиди беше карактеризирана како нелегална, и беше побарано од сопственикот да го врати земјиштето во првобитна состојба, во спротивно ќе следеле соодветни пријави, но не само што не се врати во првобитна состојба, (се срушија плочата и столбовите, а остана бетонскиот потпорен ѕид и не се врати ископаното земјиште на истото место) туку денес сме сведоци на нова дивоградба во најзаштитениот (во теорија) простор во стариот дел на градот, на само 30 метри од влезот на Самоиловата тврдина. Дали ваквото самоволие на сопственикот на плацот и кафулето Форт кафе, ќе има крај или ќе продолжи да се поигрува со надлежните институции? Ова веќе е поигрување и потсмевање со инспекциските служби при градежна инспекција Охрид, Завод и музеј Охрид, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам, Управа за заштита на културно наследство, кои за првата дивоградба направија увид, потсмев на нивниот професионализам, потсмев на градоначалникот, потсмев на министерство за култура, потсмев со загрозениот статус на Охрид во Унеско, и најболното – потсмев со нас обичните граѓани кои се бориме Охрид да ги зачува своите културни наследства, да го зачува својот статус во Унеско и се повеќе и повеќе да го афирмираме само во позитивна конотација – се вели во дописот од жителите на Стар град.

Дивоградба
Дивоградба
Дивоградба
Дивоградба
Дивоградба
Дивоградба