Денеска започнаа активности за расчистување на банкините на регионалниот пат кон Општина Вевчани.
Иако е надлежност на централната власт, денес започнавме акција за расчистување на банкините на регионалниот пат кој води до Вевчани. Во акцијата ќе се опфатат и локални улици кои се наоѓаат во урбаниот дел на Вевчани – напиша Спасе Кочовски, градоначалник на Вевчани.