Велесилите денес расправаат повторно за Иран
Претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Германија в петок во Брисел ќе започнат нов состанок за иранската нуклеарна програма.
| Крсте Голабовски | Свет
знаме
Претставниците на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Германија в петок во Брисел ќе започнат нов состанок за иранската нуклеарна програма.
Состанокот се одржува ден откако Иран го отфрли предлогот на Меѓународната агенција за атомска енергија од октомври, според кој Техеран би можел, своите залихи за ниско збогатен ураниум да ги праќа во странство, каде дополнително би ги збогатиле.
На, состанокот, што ќе биде на ниво на политички директори, а на него ќе учествува и високиот претставник за заедничка и безбедносна политика на ЕУ Хавиер Солана, велесилите би требало да разгледаат какви мерки би можеле да преземат против Иран, по одбивањето на предлогот.
{loadposition content9}