Skip to main content

Јп градски пазар

Се издава урбана опрема за продажба на храна и сувенири

ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава простор-локација за поставување урбана опрема за продажба на храна и сувенири.
 |  инфодеск  | 
Типизирани куќарки

ЈП „Градски Пазар“ објавува Оглас за прибирање на понуди за поставување на урбана опрема за продажба на храна и сувенири.

Урбаната опрема се издава за следната намена:

1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенири

Кеј Македонија

Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени на шематскиот приказ во прилог.

Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 15.05.2023 до 15.09.2023 година.

2. Почетна цена за издавање на урбана опрема е:

  • урбана опрема  2.2 м²  за продажбата на храна и сувенири со почетна цена од 5.000.оо (пет  илјади) денари вкупно 5
  • урбана опрема  4 м²  за продажбата на храна и сувенири со почетна цена од 8.000.00 (осум илјади денари) вкупно 15

2.1 Почетните цени за издавање на урбана опрема се однесуваат за дадениот период

2.2 Во почетната цена за издавање на урбана опрема, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.

  • Целиот износ од договорениот надомест за закуп да го плати во рок од 3 работни дена од склучување на договорот за закуп. Во спротивно договорот ќе биде ништовен и право на закуп на урбана опрема ќе има наредно рангираниот учесник на јавниот повик.
  • Редовно да ја одржува урбаната опрема која ја закупил и по завршувањето на договорот за закуп истата да ја предаде на закуподавачот во состојба каква што ја презел од него.
  • Да овозможи непречен увид на урбаната опрема од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото.
  • Должни се да обезбедат времено броило (приклучок) за струја, со што потрошувачката на потрошена електрична енергија паѓа на товар на закупецот.
  • Паушалот за надомест на вода, редовно да го сервисираат кон ЈП Водовод Охрид.
  • Комуналните услуги, како и трошоците за отпадни води, редовно да ги сервисираат кон ЈП Охридски Комуналец Охрид и ЈП Нискоградба.
  • Да ги почитува сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно ќе следи еднострано раскинување на договорот.

2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.

  • Трошокот за комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нaселени мeста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности за м2 дневно.
  • Договорот со најповолните понудувачи за точка 1 ќe се склучуваат за дадениот период.

3. Доставување на пријави

3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое:

  • Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
  • Физичко лице кое е жител на општина Охрид
  • Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
  • На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.

Право на учество на јавниот повик немаат:

  • Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и кон државата по основ на данок.

3.2 Понудувачот треба да достави:

  • Пријава на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/
  • Уплатница на име депозит за учество во износ од 3.200,оо (триилјадиидвесте) денари за 4 м2, и износ од 2.000,оо (двеилјади) денари за 2.2 м2
  • Уплатата се врши на следната сметка: жиро с-ка 210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, подруж. Охрид

За правни субјекти

  • Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постари од 6 месеци),
  • Потврда дeкa нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса( за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нселени мста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид и УЈП);
  • Фотокопија од лична карта на управителот

За физички лица

  • Фотокопија од лична карта
  • Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

Уплатениот депозит на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена урбана опрема е повратен, додека за учесниците кои ќе бидат избрани и ќе добијат урбана опрема на јавното наддавање износот на уплатениот депозит ќe биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

Уплатениот депозит не е повратен за оние учесници кои се избрани за најповолни понудувачи, а кои после јавното наддавање самоволно се откажале од потпишување на договор за изнајмување урбана опрема-типизирана куќарка. Во ваков случај депозитот трајно го задржува ЈП Градски Пазар Охрид и учесниците немаат право да бараат поврат на истиот.

 4. Начин на доставување на пријавата

Пријавата треба да се достави во затворен плик со назнака:

„НЕ OTBOPAJ“

ЈП Градски Пазар Охрид

Комисија за спроведување на оглас за прибирање пријави за издавање на урбана опрема бр. 4/2023

Локација на урбана опрема бр.                                                                   

 (се внесува бројот на урбана опрема за кoj пoнyдyвaчот учествува,  

 НА ПРИМЕР I — локација на урбана опрема бр. 5)

 „Булевар Туристичка“ 6p.79  Охрид

НAПOMEНA:

Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите.

Пример за адресирање на плик за достава на пријава:

  “НE OTBOPAJ“ „Да не се отвора пред 20.04.2023 Оглас бp. 4/2023ЈП Градски Пазар Охрид Комисија за спроведување на оглас за прибирање на пријави за издавање на урбана опрема бр. 4/2023   Локација на урбана опрема бр.                 (бројот на урбана опрема за кој понудувачот учествува) “Булевар Туристичка “ бр. 79 Охрид  

Пријавата се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид.

ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на пријава, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

  5. Начин на отворање

Пријавите да се достават најдоцна до 20.04.2023 год. во 12.00 часот.

• Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди

• Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање

• За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.

• За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.

или

  • Јавно надавање ќe се одржи во просториите на Јавното пратпријатие Градски пазар Охрид.
  • За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на  понудувачот.
  • За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.

6. Предмет на јавно наддавање

  • Предмет на јавното наддавање е месечна конечна цена,  односно за период од 30 дена

7. Склучување на договор

Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.

Договорот ќе се склучи во рок од три работни дена од денот на приемот на Известувањето  за избор на најповолен понудувач.

Пред склучувањето на Договорот, понудувачот е должен во целост да ги подмири сите трошоци кои произлегуваат од постапката, вклучувајќи ја и комуналната такса.

По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои се услов за склучување на истиот, (уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец) избраниот понудувач е должен да се придржува до одредбите на склучениот договор.

Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање, не склучи договор во цитираниот рок, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.

Доколку понудувачот кој доставил најповолна понуда на јавното наддавање, од било која причина се откаже од потпишување договор, во тој случај Јавното претпријатие неповратно го задржува уплатениот депозит на ваквиот учесник.

Доколку има потреба или во случај на евентуална попреченост од било кои причини , Општина Охрид и Јавното претпријатие Градски пазар Охрид го задржуваат правото да извршат промена на една или повеќе локации, а закупците како корисници на услугите во ваков случај се обврзуваат да ги прифатат новонастанатите промени на локациите.

Доколку корисникот на услугата не ја прифати таквата промената состојба и промена на локацијата, тоа претставува основ за двострано раскинување на договорот, во рок од 8 дена без можност за надомест на штета ниту било какви други меѓусебни парични или непарични побарувања кои би произлегле од предвременото раскинување на договорот, освен исплатата на целокупниот долг по основ на закупнина по договор.

Во случај на раскинување на договорот поради горенаведените причини, закупецот е должен на Закуподавецот да му го исплати целокупниот долг по основ на закупнина по договорот и освен исплатата на долгот на име закупнина, договорните страни немаат право меѓусебно да истакнуваат никакви други надоместоци и останати парични побарувања.

Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар  Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.