Skip to main content

ЈП Градски Пазар издава под закуп деловен простор

ЈП „Градски Пазар“ објавува Оглас за давање под закуп објекти (деловен простор) во ЈП „Градски Пазар“ за период од две години.
 |  инфодеск  | 
ЈП Градски пазар

Комисијата за спроведување на постапка за издавање на деловен простор под наем бр. 03-200/1 од 10.04.2023 врз основа на член 40 став 2 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, Одлука за отстапување на правото на користење и управување со недвижности од ЈП Охридски Комуналец Охрид на ЈП Градски Пазар Охрид бр. 02-32/4 од 10.01.2011 година, потврдена со Одлука на Совет на општина Охрид бр. 07-18/4 од 28.01.2011 година на закупувачот и согласно Проценката на Недвижен имот од овластениот проценител ПРОЦЕНКА ДООЕЛ Охрид бр. 01-231/2 од 11.04.2022, бр. 01-231/10 од 11.04.2022 објавува давање под закуп објекти – деловен простор во ЈП Градски Пазар Охрид на ул. Булевар Туристичка бр.79 Охрид, согласно табеларниот преглед:

Ред.брАдреса на објектитеКП/КОм2Вредност на банкарска гаранцијаПочетна цена на јавното наддавање во денари месечно
1Булевар Туристичка бр.79 Охрид Деловен простор бр. 114766/430м255.034,6813,758.67
2Булевар Туристичка бр.79 Охрид Деловен простор бр. 214766/430м254.276,9613,569.24
2Булевар Туристичка бр.79 Охрид Деловен простор бр. 314766/430м255.057,0013,764.25
2Булевар Туристичка бр.79 Охрид Деловен простор бр. 414766/430м258.099,0014,524.75
2Булевар Туристичка бр.79 Охрид Деловен простор бр. 614766/430м263.525,5215,881.38
2Булевар Туристичка бр.79 Охрид Деловен простор бр. 714766/430м266.226,9616,556.74
2Булевар Туристичка бр.79 Охрид Деловен простор бр. 814766/430м269.921,9217,480.48
2Булевар Туристичка бр.79 Охрид Деловен простор на приземје Нова зграда бр. 414766/634м281.418,8420.354,71
2Булевар Туристичка бр.79 Охрид Деловен простор на приземје Нова зграда бр. 514766/635м283.613,4420.903.36
  • Деловен простор бр.1 евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2  и означен како деловен простор бр.1 изнесува 13,758.00 денари или 0,5% од проценентата вредност на овластениот проценител.
  • Деловен простор бр.2 евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2  и означен како деловен простор бр.2 изнесува 13,569.00 денари или 0,5% од проценентата вредност на овластениот проценител.
  • Деловен простор бр.3 евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2  и означен како деловен простор бр.3 изнесува 13,764.25 денари или 0,5% од проценентата вредност на овластениот проценител.
  • Деловен простор  евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2  и означен како деловен простор бр.4 изнесува 14,524.75 денари или 0,5% од проценентата вредност на овластениот проценител.
  • Деловен простор  евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2  и означен како деловен простор бр.6 изнесува 15,881.38 денари или 0,5% од проценентата вредност на овластениот проценител.
  • Деловен простор  евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2  и означен како деловен простор бр.7 изнесува 16,556.74 денари или 0,5% од проценентата вредност на овластениот проценител.
  • Деловен простор  евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2  и означен како деловен простор бр.8 изнесува 17,480.48 денари или 0,5% од проценентата вредност на овластениот проценител.
  • Деловен простор евидентирани на кп 14766/6 со вкупна квадатура од 34м2 и означен како простор бр.4 на приземје во новата зграда од пазарот изнесува 20.354.71 денари или 0,5% од проценетата вредност на овластениот проценител.
  • Деловен простор евидентирани на кп 14766/6 со вкупна квадатура од 35м2 и означен како простор бр.5 на приземје во новата зграда од пазарот изнесува 20.903.36 денари или 0,5% од проценетата вредност на овластениот проценител.

Објавата е делива, ќе се наддава од цените впишани од табеларниот преглед.

ПРЕДМЕТ НА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП

Предмет на издавање се објекти-деловен простор, прикажани во табеларниот преглед, и се издаваат во закуп за времетрање од две години од денот на потпишувањето на договорот во закуп со најповолниот понудувач согласно Закон за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во Општинска сопственост.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите заинтересирани домашни физички и правни лица кои што ги исполнуваат условите дадени во објавата.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид, и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата. Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетни согласно огласот.

Документи потребни за пријава се следните:

  • Потврда дека немаат заостанат долг кон претпријатието
  • Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата.
  • Потврда дека за фирмата не е поведена постапка за стечај или ликвидација
  • Доказ за идентитет (лична карта)
  • Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија за правни лица.
  • Банкарска гаранција во износ од 2 % од вредноста на недвижниот имот. (објавени во табеларниот преглед)

Пријавите кои што нема да бидат комплетирани со овие докази, ќе бидат отфрлени. Објавата почнува од 11.04.2023 до 20.04.2023 година.

ПОЧЕТНА ЦЕНА

Почетната цена на месечните закупнини се цени од објавата дадена во табеларниот преглед.

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

Понудите се доставуваат најдоцна до    20.04.2023  до 12  часот.

ПОСТАПКА

Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди.

Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk. Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање

За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.

За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за закуп под услов да ги исполнил потребните услови или

Јавно надавање ќe се одржи во просториите на Јавното пратпријатие Градски пазар Охрид.

За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на  понудувачот.

За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за закуп под услов да ги исполнил потребните услови

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на постапката на јавното наддавање е должен да ги уплати средствата за првиот месечен закуп  на жиро с-ка 210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, подруж. Охрид, во согласност со постигнатата крајна цена за месечна закупнина, а доколку не ги уплати во овој рок, нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во рок од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните ствари.

Со најповолниот понудувач во рок од пет работни дена по извршената уплата на месечната закупнина се склучува договор во закуп за објектот-деловниот простор.

Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение во рок од 5(пет) дена од приемот на приговорот.

ПРАВНА ПОУКА

Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Управниот Одбор на ЈП Градски Пазар Охрид.

Детални информации врзани за објавата можат да се добијат во административните простории на ЈП Градски Пазар Охрид и на телефон: 046/266-600.