Заштита на културното наследство
Општина Дебрца и Завод и Музеј потпишаа меморандум за соработка
Во рамки на соработката се предвидува реализација на проектот „Увид во состојбата на меморијалните споменици од НОБ и нивно интервентно санирање”, како и реализација и на други проекти од взаемен интерес од областа на заштитата на културното наследство.
Градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески и директорката на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид Катерина Велкоска, потпишаа меморандум за соработка во заштитата на културното наследство.
Во рамките на соработката се предвидува реализација на проектот „Увид во состојбата на меморијалните споменици од НОБ и нивно интервентно санирање”, како и реализација и на други проекти од взаемен интерес од областа на заштитата на културното наследство – информира градоначалникот Ногачески.