Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот е учесник на 26-тата меѓународна изложба за туризам и патување ЕМИТТ-East Mediterranean International Tourism & Travel Exhibition.
На репрезентативен штанд заедно со македонскиот туристички сектор меѓу кои, Бадем Тур, ЈК Травел, хотел Фама, СУ хотел, општина Струга и ПЦС Тур ќе ја промовираат нашата земја како важна туристичка дестинација за турските туристи.
Од 12-ти до 15-ти април илјадници странски посетители ќе се запознаат со природните убавини, историските, културните знаменитости и ено-гастро туризмот на Македонија. Се очекува изложбениот простор на Република Македонија традиционално да е посетен од бројни високи претставици од Република Турција, како и значајни учесници од реалниот сектор.
ЕМИТТ продолжува да ја обликува индустријата со корисни содржини и партнерства кои создаваат вредност за сите учесници. Постигнувајќи голем успех со учество од над 110 земји, 33.595 посетители, над 430 егзибитори и повеќе од 200 поканети туроперотори како и активни туристички работници, ЕМИТТ е клучна платформа за развој на туристичката индустрија и помагање на туристичото стопанство да добие поголем импулс.