Свр билтен
Кривична за жител на Октиси поради кражба
Кривична пријава за жител на Октиси кој со употреба на копија од клуч влегол во домот на Т.М.(62) од истото село и одзел 5700 евра и 800 швајцарски франци. Парите биле пронајдени и вратени на оштетената.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против В.Ц.(44) од струшкото село Октиси поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „кражба”.
Тој на 05.03.2023 со употреба на копија од клуч влегол во домот на Т.М.(62) од истото село и одзел 5700 евра и 800 швајцарски франци. По преземени мерки од полициски службеници, парите биле пронајдени и вратени на оштетената – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.


