Нивото на морињата до 2100 година ќе се зголеми за најмалку еден метар
Климатските промени до крајот на 21. век ќе предизвикаат пораст за нивото на морињата за најмалку еден метар, се нагласува во најновата студија на американската организација за истражување на животната средина „Клин ер-кул планет“ (Clean Air – Cool Planet).
| Крсте Голабовски | Свет
ниво
Климатските промени до крајот на 21. век ќе предизвикаат пораст за нивото на морињата за најмалку еден метар, се нагласува во најновата студија на американската организација за истражување на животната средина „Клин ер-кул планет“ (Clean Air – Cool Planet).
Забрзаното топење на глечерите на Гренланд и на еден дел од Антарктикот ќе доведе до многу поголем раст на нивото на морињата, отколку што претходно се проценуваше, се наведува во студијата, која е објавена во САД.
Според истражувањето покачувањето ќе предизвика поплави, кои радикално ќе ја изменат конфигурацијата на некои градови на источното крајбрежје на САД, од Мајами до Балтимор.
Овие предвидувања се разликуваат од студијата, која во 2007 година ја изработи агенцијата на Обединетите нации ГИЕК (Група на меѓувладини експерти за еволуција на климата), според која нивото на морето до 2100 година ќе се зголеми за 18 до 59 сантиметри.
{loadposition content9}