Паркови и зеленило
Најмладите охриѓанчиња го украсија Градскиот парк
Пред големиот христијански празник Велигден, екипите на „Паркови и зеленило“ и дечињата од градинките и основните училишта го украсија градскиот парк.
Екипите на „Паркови и зеленило“ заедно со нашите најмали и најмили сограѓани во пресрет на Велигден го украсија градскиот парк во центарот на Охрид.

Со едукативна и симболична акција, пред големиот христијански празник Велигден, со дечињата од градинките и основните училишта, ги украсивме дрвјата и украсните садници во градскиот парк. Нема поголемо задоволство од среќна детска насмевка и успешна соработка со нашите идни генерации – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.







