Skip to main content

Почнува вакцинацијата против новиот грип

Со вакцинација на лекарите и медицинските сестри на Инфективната клиника во Скопје, денеска почнува имунизацијата против новиот грип А (Х1Н1) во Македонија.

vakcinacija
вакцинација
Со вакцинација на лекарите и медицинските сестри на Инфективната клиника во Скопје, денеска почнува имунизацијата против новиот грип А (Х1Н1) во Македонија. 

vakcinacijaМедицинскиот персонал на Клиниката, кој најмногу е изложен на контакти со заразени лица, ќе биде вакциниран со првите 5.000 вакцини против новиот грип од производителot „Новартис“ кои вчера пристигнаа во Македонија како донација од Турција.
Во наредните денови ќе биде вакциниран и другиот медицински персонал низ државата.
– Целта на оваа мерка е да се направи се што е во наша можност да ги заштитиме лекарите и медицинските сестри кои потоа треба да ги лекуваат граѓаните. Очекуваме многу брзо да пристигне поголем контингент вакцини со што ќе продолжиме со вакцинацијата на останатите ранливи групи кои се препорачани од Светската здравствена организација и Комисијата за пандемски грип, изјави вчера министерот за здравство Бујар Османи.
Според најновите информации од СЗО, вакцината е безбедна исто колку што е безбедна и вакцината против сезонскиот грип. Треба да ја примаат оние кои се целосно здрави, контраиндицирана е кај лица алергични на јајца бидејќи во процесот на производството се користат јајца. Вакцините се чуваат во Градскиот завод за здравствена заштита.
Министерството за здравство вчера соопшти дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје се хоспитализирани вкупно 60 пациенти. Сите добиваат соодветна терапија и освен двајцата пациенти со потешка општа состојба, останатите хоспитализирани болни се во добра здравтвена состојба.

{loadposition content9}