Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат поројни. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со грмежи и со силен ветер (над 70 км/час), соопштува Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималните температури ќе се движат од 10 до 19 степени.
За претстојниот празничен викенд за Велигден се најавува променливо време со дожд, грмежи и ветер. Нема да врне само вo сабота.