Skip to main content

Јп охридски комуналец

Акција за чистење низ Охрид во пресрет на Велигден

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ реализираа низа активности за уредување на градот и околината, во пресрет на Велигден.
 |  инфодеск  | 
Акција Комуналец

Охрид се подготвува за големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден. Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со голем број активности за уредување на градот и околината.

Се уредуваат пристапните улици и околниот простор од црквите. Вонредни активности за подигнување на расфрлан комунален отпад по крајбрежниот појас во туристичките места: Св.Стефан, Лагадин, Елешец, Пештани и Трпејца. Дежурните служби активни и во попладневните часови за одржување на јавната чистота по кејот. Чистење на каналот покрај С.Р.Ц.Билјанини Извори од расфрлан комунален отпад. Уредување на детското игралиште во населба Црногорци. Активности за одржување на јавна чистота и јавно зеленило во с.Подмоље, Велгошти и населби Исток и Горно Коњско. Отстранета дива настрешница во Стар Град која претставуваше опасност за граѓаните – информираа од ЈП „Охридски Комуналец“.

Акција Комуналец
Акција Комуналец