Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2023 година се издадени 352 одобренија за градење, што е за 40.8 % повеќе во однос на истиот месец лани.
Во Југозападен регион Општина Струга во февруари издала 56 одобренија за градба од кои на 49 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 7 деловни субјекти. Предвидена е изградба на 55 станови со вкупна корисна површина од 9382 метри квадратни.
Општина Охрид во февруари издала 13 одобренија за градба и тоа 8 на физички лица, а 5 на деловни субјекти. Ќе се градат 72 станови со корисна површина од 3959 метри квадратни.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење во државава 56.5 % се наменети за објекти од високоградба, 30.7 % за објекти од нискоградба и 12.8 % за реконструкција.
На повеќе од половина од градбите инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 1294 станови.