Skip to main content

Соопштение мвр

Скопјанец и охриѓанка провалиле во викендица во Струга

30-годишен жител на Скопје е уапсен поради сомнение дека противправно задржал тинејџерка од Охрид во викендичка во струшко, во која претходно двајцата заедно провалиле, соопшти полицијата.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 16.04.2023 полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода лице (30) од Скопје поради сомнение дека во вечерните часови на 15.04.2023 противправно задржал 19-годишна девојка од Охрид, со која се познавале, во викенд куќа во струшко село, во која неколку часа претходно заедно влегле со употреба на сила, се вели во соопштението на МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.