Skip to main content

Трагедија

Во сообраќајка загина 31-годишен жител на Враништа

Триесет и едно годишно лице од село Враништа вчера загина на локалниот пат во Центар Жупа, информираат од МВР.
 |  инфодеск  | 
Сообраќајна несреќа

На 16.04.2023 во 13:55 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Елевци – с.Евла, Центар Жупа, патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од с.Враништа, излетало надвор од коловозот.

На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош – информираат од МВР.