Градоначалникот Пецаков во посета на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца
Прашањето за сопственоста на објектот каде е сместено здружението кој здружението времено го користи, тековните предизвици со кои се среќаваат пензионерите од Охрид и Дебрца, соработката со Локалната власт како и реализацијата на големиот број активности планирани во периодов кој претстои, тема на денешната посета на Градоначалникот Кирил Пецаков на Здружението на пензионери на Охрид и Дебрца. Оваа група на наши сограѓани се важен и интегрален дел од нашата мала заедница, истакна градоначалникот Пецаков. Тој кажа дека ќе се потпише и продолжи меморандумот за соработка меѓу Општина Охрид и Здружението и дека ќе се интензивираат средбите помеѓу претставниците од локалната и Здружението на пензионери, со цел локалната да види каде ќе може да помогне како во решавањето на тековните проблеми, така и во релаизацијата на планитаните активностите на Здружението.
„Во одредени работи им е потребна поддршка, односно соработка со одредени институции, како што е помеѓу Општина Охрид и Здружението на пензионери и се надеваме ссамо на напредок во нашите односи и поддршка секаде онаму каде од наша страна е возможно. Најважната работа ме информираа дека завршиле со изборите кои ги имале, ги оформиле телата. Се договоривме на нареден состанок, кој ќе се одржи во потесен круг, ќе проазговараме за меморандумот за соработка, односно негово продолжување, каде ќе ги регулираме односите помеѓу двете институции“, – кажа Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.
Претседателот на здружението, Ѓорѓи Трпчевски, емотивно се заблагодари за посетата и заложбата која градоначалникот Пецаков ја покажа , во насока на подобрувањето на квалитетот на животот на повеќе од единаесет илјади пензионери.
„Благодарение на разбирањето на сегашниот градоначалник, кој не удостои за нашите активности коишто ги имавме го информиравме за изборите кои ги имавме во кои имаше и одредени проблеми, но кои ги надминавме и сега го запознавме со новите органи на Здружението и сега со нови сили ќе настапиме. Градоначалникот ни вети дека е на наша страна и дека ќе помогне во границите на неговите можности“, – Ѓорѓи Трпчески – претседател на пензионери на Охрид и Дебрца.
На средбата стана збор и за потребата од дом за стари лица во Југозападниот плански регион, а градоначалникот ги информира до каде се активностите за изградба на домот, кој се гради во Охрид преку јавно – приватно партнерство. Пецаков кажа дека домот ќе биде ставен во функција за период од околу една година, и тој се надева дека Локалната ќе може да изнајде средства за да субвенционира мала група пензионери со мали примања да престојуваат во домот, преку средствата од хуманитарните паркинзи. Раководството на пензионерите го повика Градоначалникот да биде покровител на претстојниот голем настан посветен на одбележување на 20 ти јуни Денот на Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца.