Skip to main content

УНЕСКО

Кон крајот на април во Охрид доаѓаат експертите на Унеско

За неколку денови во посета на Охрид доаѓаат претставници на Унеско и Бернската конвенција. Првиот човек на градот очекува позитивен исход од увидот на експертите. Вели, и покрај негативните кампањи и недостигот на финансии општината посветено работеше и работи на спроведување на препораките за заштита на културното и природното богатство.
 |  инфодеск  | 
Охрид пристаниште

Кон крајот на овој месец во мониторинг на Охрид доаѓаат претставници од Унеско и бернската конвецнија. Тие ќе вршат увид до каде е напредокот во однос на спроведувањето на препораките за заштитата на природното и културното наследство.
Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, смета дека напредок е постигнат согласно можностите и финансиите на општината и смета дека критиките во јавноста се дел од орекстрирана кампања на поединци.

„Ќе бидат во министерството за животна средина првичниот состанок, а другиот ден ќе додјат тука во Охрид. Ние како општина Охрид имаме доста направено, посебно последната година, иако и наназад има доста што е направено. Ќе ги презентираме сите наши рпоекти до каде се реализирани, што сме направиле, што сме испроектирале и колку во суштина ние како општина и покрај неможноста со финансии што се сме направиле. Јас се надевам на позитивен исход“, вели Кирил пецаков градоначалник на општина Охрид.

Пецаков најавува дека ова лето после пауза двегодишна пауза ќе бидат уредени плажите на крајбрежјето. На 11 плажи ќе се постави времена урбана опрема,односно шанкови од природни материјали. Во езерските води нема да има платформи или било какви други градежни конструкции.

„Поставување на услови, првично тригодишен договор, кој општина Охрид ќе може во скеој момент да го раскине договорот. Затоа што во моментот кога ќе биде донесен планот за управување со охридското крајбрежје каде што точно ќе бидат одредени местата каде што би можело да има плажи тогаш ќе оди сосема поинаква постапка која што општина Охрид ќе ја спроведува преку Секторот за урбанизам. Овој вакум период да го поминеме се додека се донесе планот кога ќе почне постапка за уредување на плажите“, појаснува Пецаков.

Целта е да не трпи туризмот, гостите да може да уживаат на охридксите плажи.
Градоначалникот Пецаков се надева на позитивен извештај од Унеско , како што вели и покрај тоа што се води сериозна негативна кампања против градот од лица кои немаат никаква врска ни потекло од Охрид.
Новинар Соња Рилковска