Светски поетски патувачки фестивал во Охрид
Деновиве Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во соработка со Меѓународната академија „Михаи Еминеску“ од Крајова – Романија е домаќин на Светскиот поетски патувачки фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“. Идејата да се промовива творештвото на големиот Григор Прличев, не наведе по патот на соработката со Меѓународната академија од Крајова, – кажа директорот на охридската библиотека Милчо Јованоски.
„На некој начин ќе ги запознаеме нашите писатели, охридски и македонски со она што всушност е Михаил Еминеску, а обратно сите оние странци кои ќе дојдат на овој настан ќе ги запознаеме со она што значи Григор Прличев, како национален македонски поет и со неговото богато творештво од XIX век“.01,05”, – посочи Милчо Јованоски – дир. Н.У. Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.
Во рамки на тридневната програма која ќе трае до 22 април поетите во Прличевата одаја на охридската библиотека заеднички ги проширија видиците преку размена на информации за животот и творештвото на двајцата исклучителни поети Григор Прличев и Михаи Еминеску кои живееле и твореле во 19 век, не се познавале но според критиката, секој засебно се симбол на најпознати и најценети поети од тој период во македонската и романската книжевност и култура. Учесниците на Светскиот поетски фестивал следните два дена ќе имаат можност преку неколку читања да го претстават своето лично творештво. На кафе средба во култниот „Аквариус“, во манастирските комплекси „Св Наум„ и „Св Спас“ ќе се инспирираат за да ја напишат најубава песна за Охрид.
„Во принцип секоја средба на уметници значи проширување на видиците. Јас оваа средба ја доживувам како посебна од две причини. Првата се Прличев и Еминеску, а втората е градот Охрид. Охрид е чудо во светски размери, не само во архитектурата, тој е чудо и во литературата, тој е чудо поради луѓето кои тука живеат и живееле и оставиле некакви траги“,039” – рече Градимир Гојер – поет Босна и Херцеговина.
Во Охрид ќе престојуваат Јон Деаконеску, Константин Барубу од Романија, Тибор Залан -Унгарија, Бојко Ламбовски – Бугарија, Атила Балаж – Словачка, Јетон Келеменди и Љуљзим Тафа – Косово, и Градимир Гојер – Босна и Херцеговина, како и македонските поети: Зоран Анчевски, Славе Ѓорѓо Димоски и Иван Антоновски. Светскиот поетски патувачки фестивал, Проект на Библиотеката од Охрид е дел од нејзината Годишна програма за работа финансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Нивниот партнер за овој Меѓународен проект – Меѓународната академија „Михаи Еминеску“ од Крајова – Романија меѓу своите основачи има двајца добитници на Нобелова награда. Академијата е единствена институција во Романија поканета од Кралската Шведска академија и Нобеловиот комитет да номинира кандидати за Нобеловата награда за литература.