По повод Денот на планетата Земја, во сабота (22.04. 2023г.) SUP клуб Охрид организира еколошка акција. Акцијата „СУПер чистка“ ќе се одвива на плажите околу Канео и места кои се достапни само по воден пат.
„Најголемата закана за нашата планета е верувањето дека некој друг ќе ја спаси. Ве чекаме на супер дружба и уште една СУПер чистка акција.“ – порачуваат од SUP клуб Охрид.
Секој кој сака да чисти и по вода добива бесплатна опрема и обука за управување со СУП.
Опремата за чистење ќе биде обезбедена од SUP клуб Охрид. Сите кои сакаат да учествуваат треба да бидат во 11 часот на плажата Канео, да понесат убава енергија и желба за чистење.