Skip to main content

Економија

Трудова миграција или хипер-продукција на кадри

Во Македонија и во речиси сите земји од регионов, моменталната слика на пазарите на труд е длабоко поларизирана.
 |  Голабовски Крсте  | 
Професии

Во Македонија и во речиси сите земји од регионов, моменталната слика на пазарите на труд е длабоко поларизирана. Од една страна имаме недостиг на општи работници речиси во сите професии, а од друга страна и по десетици вработувања, за едно работно место пример во сферата на образованието, велат експертите. За да се промени вакавата слика треба да се направи анализа на професиите каде недостига работна сила, кои се платите во регионов и колку сме подготвени да направием структурни промени, вели Благица Петрески, – извршeн директор на Институт за економски истражувања, Finance Think.

„Кај високите вештини доминираат суфицитарните јазови каде го постигнуваме максимумот за занимањата од педагошките факултети, па така за едно работно место имаме по седумдесет и пет невработени лица. Додека пак од друга страна имаме дефицитарен јаз и недостиг на работници за речиси сите општи работници во повеќе занимања, меѓутоа и во делот на услужните сектори#, – poso;uva Благица Петрески, – извршeн директор на Институт за економски истражувања, Finance Think.

Поради географската поставеност на нашата земја, во пограничните региони како што се Охрид, Струга, недостатокот на работници може да се надополни со работници од соседните региони или пак од соседните земји. Меѓутоа постојат ризици, бидејќи платите пример за готвачите или другите професии во услужните дејности се повисоки, што доведува до прашањето, Колкави се премиите за плати?, вели Петрески.

„Колку е поголема премијата за плата за одредено занимање во соседната земја толку атрактивноста за мобилност би била повисока, па така во тој дел сметам дека кај ниските вештини, ние немаме значајни ризици од одлив, затоа што нашата минимална и просечна плата се споредливи со платите во регионов. Но во поглед на одредени занимања, од сезонски карактер и циклични занимања како земјоделство или туризам постојат ризици да имаме одлив на кадри а за тие занимања има и недостиг во моментот на нашиот пазар на труд#, veli – Благица Петрески, – извршeн директор на Институт за економски истражувања, Finance Think.

Експертите велат дека за излез од ваквата поларизирана слика на пазарот на труд потребно е прилагодување на образовните политики, оневозможување на манипулација на системот каде во момемнти имаме вештачко држење на невработени лица или регистрирани невработени во Агенцијата за вработување, а дефакто многу тешко овие лица би се вработиле на пазарот на труд.