Skip to main content

Енергетска ефикасност

Субвенции за ПВЦ прозори, сончеви колектори и фотонапонски електроцентрали

Субвенции од 20.000 денари за вградени ПВЦ прозорци, 15.000 денари за топлински пумпи и 80.000 денари за поставување на фотонапонски централи во домаќинствата.
 |  инфодеск  | 
Субвенции

Со буџет од 70 милиони денари Министерството за економија ќе ги кофинансира домаќинствата кои оваа година ќе купат и наместат ПВЦ или алуминиумски прозорци, сончеви термални колекторски системи, фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до шест киловати.

Министерот за економија Крешник бектеши денеска на прес-конференција во Владата информираше за четири јавни повици кои ги објави Министерствотоз а економија од Програмите за поддршка на енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

За надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2023 година вкупно предвидени 25.000.000 денaри и ќе опфати околу 1.200 домаќинства. Лицата кои ќе купат и вградат ПВЦ или алуминиумски прозорци во своите домови, ќе им обезбеди поврат на средства во висина до 50 %, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2023 година, под услов купувачите досега да не користеле средства за оваа мерка. Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата кои имаат купено и вградено ПВЦ или алуминиумски прозорци во своите домови во периодот од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година.

Јавен повик за Надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2023

За надоместување на дел од трошоците за купување на сончеви термални колекторски системи во домаќинствата за 2023 година вкупно предвидени 15.000.000 денари и ќе опфати околу 1000 домаќинства. На купувачите на сончеви термални колекторски системи (колектори, резервоар за топла вода и потребна инсталација), кои ќе ги купат и вградат во своите домови, Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средства во висина до 30 %, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство за 2023 година, под услов купувачите досега да не користеле средства од оваа мерка.
Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата кои имаат купено и вградено сончеви термални колекторски системи во своите домови во периодот од денот на објавување на јавниот оглас до 31.07.2023 година.

Јавен повик за Надоместување на дел од трошоците за купување на сончеви термални колекторски системи во домаќинствата.

За надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата, на градба на која има право на сопственост или користење за 2023 година вкупно предвидени 30.000.000 денари и ќе опфати околу 370 домаќинства.
На лицата кои ќе купат и инсталираат фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка, на градба на која имаат право на сопственост или користење, Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средства во висина до 30 %, но не повеќе од 80.000 денари по домаќинство за 2023 година.

Јавен повик за Надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка за домаќинствата.

Право на учество на овој јавен оглас ќе имаат лицата кои имаат купено и инсталирано фотонапонска електроцентрала за производство на електрична енергија до 6 kW за сопствена потрошувачка, на градба на која имаат право на сопственост или користење во периодот од 01.01.2023 година до 31.10.2023 година. Доколку барателот достави доказ во оригинал за направените трошоци за проектна документација (фискална сметка или фактура со извод од деловна банка или уплатница во периодот најрано од 1 јануари 2023 година) истите ќе му бидат земени во предвид при утврдување на надоместокот на дел од трошоците.

Покрај за домаќинствата, програмата индиректно ќе помогне и во надминување на проблемите и задржување на ликвидноста на компаниите од гасниот сектор кои беа најмногу погодени од тековната светска енергетската криза, кажа Бектеши.