Skip to main content

Охрид на This Morning

Охрид е новата жешка точка за британските туристи

Од црквата Св Јован Канео со звуци на македонска народна музика во позадина, во најгледаното утринско шоу во Британија This Morning, се вклучи во живо репортерот Крег Дојл. Ова е Охридското езеро, ова е највпечатливата глетка на светот која што сум ја видел. Вака сакам да ми започнува секое утро, вели Дојл поздравувајќи ги гледачите на ITV во Британија.
 |  инфодеск  | 
This Morning од Охрид

Македонија е претстојната Европска дестинација за одмор со изобилство на сонце и прекрасни предели по поволна цена. Со овие зборови водителот во студиото на “ITV” го најави вклучувањето од Охрид во најгледаната британска утринска емисија This Morning.
Охриѓанката Слаѓана Манчич Џонсон на социјалната мрежа Фејсбук објави видео од првото вклучување во живо од Охрид во утринското шоу.
Од пред црквата Св. Јован Канео се вклучи репортерот Крег Дојл со звуци од македонска народна музика. Вака би сакал да ми започнува секое утро, кажа репортерот.


„Да бидам искрен , не знаев многу за ова место пред да дојдам тука. Овде сум неколку дена и просто е зачудувачки. Се заљубив во местово. Природата, пејсажите се брилијантни, културата, историјата, храната и луѓето се извонредни. Ова е новата жешка точка за британските туристи “ – кажа Дојл.

Нема излез на море, но не ви ни треба, вели Дојл, затоа што го имаме ова, ова е Охридското езеро, ова е највпечатливата глетка која што сум ја видел на светот. Кристална вода во која пливав утрово. Репортерот понатаму ги запознава гледачите во Британија со интересни податоци за Охрид и регионот, недвижното културно наследство не изоставувајќи да спомне дека аеродромот е на 10 минути од градот и е отворен во 70тите за најавената посета на Кралицата Елизабета.

„Манастирот Св Наум е волшебен, како сцена од филм, не сте виделе ништо слично на друго место.“ вели репортерот додавајќи дека славни личности меѓу кои Џорџ Клуни и Џулија Робертс уживале во тоа место на мир и спокој. Ќе ви покажеме уште многу локации од ова прекрасно место следниве недели, вели Дојл.
На снимањето кај Црквата Св Јован Канео учествуваа членови на Фолклорниот Ансамбл ” Отекс Фолк” од Охрид кои ги прикажаа нашите традиционални вредности.

„Се претставивме со кореографии, музика и носии од охридскиот регион, се дужевме со главниот презентер Крег Дојл и допринесовме за збогатување на нивниот телевиски пренос во живо.“ – велат за ТВМ од Ансамблот Отекс Фолк.

Екипата од дневното шоу “This Мorning” за време на својот престој ќе подготвуват репортажи за недопрените убавини на нашата земја која е “budget friendly” за туристите и кои ќе се емитуваат во претстојниот период на британската јавна телевизиска мрежа “ITV” која има широк опфат на публика.