Независната аматерска театарска група „Аматер“ од Охрид одбележува 10 години постоење. По повод годишнината премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Чернодрински се враќа дома“ на текст на Горан Стефановски.
Премиерата е закажана за 26.04.2023 (среда), со почеток од 20:00ч, на малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.
Режијата е на Јован Цветкоски, а улогите ги играат Томе Укоски, Леа Новеска-Цекиќ, Димитар Назифоски, Јован Цветкоски, Илија Трале Левески, Глигор Велјаноски, Ема Алекс. Светло мајстор е Борис Велјаноски, музика Јане Тодороски, Христијан Томевски, Никола Јосифоски, Арбен Бајрам.
НАТГ „Аматер“ ја одигра „Сите мои синови“ од Артур Милер на 26.04.2013 и тоа беше нивната прва претстава. Во изминативе 10 години зад себе има неколку претстави: „Сите мои синови“ од Артур Милер, „Генетика на кучињата“ од Венко Андоновски, „Охридската робинка Ташула“ по текст на Миле Волканоски, „Буре Барут“ од Дејан Дуковски, „Ти во седум бои“ ( мултимедијален проект по адаптирано сценарио на Јован Цветкоски), адаптација на „Белградска Трилогија“ од Билјана Србљановиќ – „Се’ до полноќ“.
Билетите за премиерата на „Чернодрински се враќа дома“ се ограничени и можете да ги резервирате на тел.број: 078/413-946, или на билетарата на НУЦК Григор Прличев пред почетокот на преставата доколку не се продадени. Цена на билет: 200 денари.