Skip to main content

Рамазан Бајрам

Честитка од Градоначалникот Пецаков по повод Рамазан Бајрам

Рамазан Бајрам е потсетник дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина, вели во честитката Пецаков.
 |  инфодеск  | 
честитка за Рамазан Бајрам

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков им го честита Рамазан Бајрам на сограѓаните од исламска вероисповед, посакувајќи им празникот да го дочекаат во добро здравје и расположение.

„Драги сограѓани од муслиманска вероисповед, нека Рамазан Бајрам, по светиот месец на постот, кај сите муслимани мине во семејна среќа, со добро здравје, хармонија, љубов, почит и меѓусебно пријателство, во духот на вистинските вредности и традиционално добриот соживот кој години го негуваме во Охрид. „ – вели во празничната честитка Градоначалникот Пецаков.

Додава дека празникот Рамазан Бајрам е потсетник дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина.