Југозападен регион создава најмногу комунален отпад
Вкупното количество на создаден комунален отпад во земјава во 2022 година изнесува 856 766 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител е 467 килограми, што е за 3.3 % повеќе од 2021 година.
Рекордер по создаден комунален отпад во 2022 год. е Југозападниот регион со 183 521 тони. Собран комунален отпад 56 499тони што значи од отпадот кој се создава се собираат само 30%.
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 172 288 тони или 28.4 % од вкупното собраното количество отпад во државата. Во скопскиот регион , безмалку се собира целиот отпад што се создава.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Македонија во 2022 година изнесува 605 638 тони. Споредено со 2021 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2022 година бележи намалување од 4.2 %.
Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 494 693 тони или 81.7 %, а најмало количество има отпадот од гума – 1 487 тони или 0.2 % од вкупното количество собран комунален отпад.
Според создавачите на отпад структурата покажува дека 84 % од вкупниот отпад потекнува од домаќинставата а само 16% е комерцијален отпад.