Skip to main content

Државен завод за статистика

Програмерите и понатаму со највисоки примања во земјава

Вработените во секторот Компјутерско програмирање во февруари земале и над 90 илјади денари надомест за нивните работни задачи.
 |  инфодеск  | 
a man at a computer

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава, изнесувала 33 720 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 13 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната нето-плата во секторите: Градежништво (21.3 %), Информации и комуникации (18.5 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.5 %).


Вработените во секторот Компјутерско програмирање повторно имаат највисоки плати во земјава. Вработените во оваа бранша во текот на месец февруари земале и над 90 илјади денари надомест за нивните месечни работни задачи.

Втори на листата со највоска плата се вработените во сектор „останати стручни, научни и технички дејности“ кои примиле 66.969 денари плата во текот на месец февруари.
По нив следуваат вработените во сектор „Воздухопловен транспорт“ каде просечната месечна нето плата во февруари достигнувала 63.734 денари.