Skip to main content

Европски шампион

Европско злато за охриѓанката Парулеска

На Европското првенство во Јесоло, Италија таа го освои златото во спаринг борби до 50кг.
 |  инфодеск  |  ,
Парулеска злато

Охриѓанката Христијана Парулеска европски шампион во традиционално таеквондо.
На Европското првенство во Јесоло, Италија таа го освои златото во спаринг борби до 50кг.

„За прв пат на Европско Теквон-до ИТФ првенство се слушна и Македонската химна,
Христијана Парулеска е европски шампион. Најголема благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” ,Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт и сите наши поддржувачи. “
– напиша нејсиниот тренер Марјанчо Лазарески на фејсбук.

Предходно Парулеска на првенството освои сребро во форми (кати) 11-13 години црн појас први дан.

На ЕП учествуваат натпреварувачи од 27 земји, а најбројни се репрезентациите на Украина, Чешка, Грција, Англија, Италија, но тука се и репрезентациите од Србија, Хрватска, Германија, Австрија, Словенија, Ирска, Велс, Бугарија.