Бекам пати од астма од својата десетта година
Дејвид Бекам страда од умерена форма на астма уште од детски години, соопшти портпаролот на англиската фудбалска ѕвезда.
Дејвид Бекам страда од умерена форма на астма уште од детски години, соопшти портпаролот на англиската фудбалска ѕвезда.
Бекам бил уловен од фотографи како користи инхалатор за време на мечот меѓу Лос Анѓелес Галакси и Реал Солт Лејк, одигран за време на викендот во Сиетл.
„Дејвид страда од астма уште од раното детство, но тоа очигледно нема никаков ефект врз неговата работа“, изјави агентот на Бекам, Сајмон Оливеира.
Бившиот халф на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед повторно ќе биде позајмен на Милан по Нова година, во обид да влезе во потребната форма и да се избори за место во националниот тим на Англија за претстојното светско првенство во Јужна Африка во 2010. година.
{loadposition content9}