Skip to main content

Вонредна состојба на Филипините

Вонредна состојба е прогласена во вторник во две јужни покраини на Филипините, откако вооружена група во напад на изборен караван уби најмалку 24 лица.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого
Вонредна состојба е прогласена во вторник во две јужни покраини на Филипините, откако вооружена група во напад на изборен караван уби најмалку 24 лица.

kartaВонредната состојба ја прогласи претседателката Глорија Аројо, а ќе остане на сила се додека во овие региони повторно не биде воспоставен законот и редот.

„Никој нема да биде недопирлив“, изјави портпаролот на претседателката Серхе Ремонде, при тоа додавајќи дека ќе бидат уапсени сите одговорни за најлошиот масакр.

Група од 100 вооружени лица нападнаа во понеделник изборен караван од околу 40 лица, при што биле убиени најмалку 24 луѓе, а нивните тела биле однесени во оддалечена планинска област.




{loadposition content9}