Skip to main content

стендап

„Влези, не се соблакај“ на 5-ти мај пред охриѓани

Претставата е исповед за животот на Петрушевска, во ко­ја во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падо­ви.
 |  инфодеск  | 
Влези не се соблакај, Весна Петрушевска

На 5-ти мај на сцената на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ гостува познатата актерка Весна Петрушевска со стендап-претставата „Влези, не се соблакај“.

Претставата е исповед за животот на Петрушевска, во ко­ја во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падо­ви, како и најзначајните моменти од нејзиниот жи­вот, дет­ството, мла­доста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.

Петрушевска


Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого откако раскинала, ослабнала 20 килограми. Раскажува и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија.
Карти на билетара по цена од 250 денари секој работен ден, почеток 20.00 часот.