Ќе се создадат основни услови за работа на Кванташки пазар
Ова се најновите најави,од новиот директор на Комунално. Нема изградба на административни простории само на санитарни чворови.
Ова се најновите најави,од новиот директор на Комунално. Нема изградба на административни простории само на санитарни чворови.
Јавното претпријатие Комунално од Струга го врати во своја сопственост Кванташкиот пазар. Сега, имаме одврзани раце да воведиме ред и превземаме било какви активности за доуредување на истиот, вели директорто Петко Кутаноски. Уште веднаш ќе се фатиме за работа, истакна директорот. Тој потенцира дека ќе ги ангажираме вработените комплетно да го исчистат овој простор, и прво што ќе направи е изградба на санитарен чвор.
„Планираме комплетно да го уредиме просторот за да можат да го користат продавачите. Заедно со полициските службеници ќе настојуваме струшките улици да не се претворат во пазар, туку продавачите да се лоцирани на Кванташки“- вели директорот на ЈП. Комунално, Петко Кутаноски.
Тој призна дека во летниот периот реален проблем е хигиената на Пазарот на Големо, за која ТВМ постојано предупредуваше.
„Ние веќе имаме стратегија како да го надмине тоа, истакна Кутаноски. Ќе се постават контејнери и сметот ќе се собира постојано. Ќе биде ангажирано лице кое секојдневно ќе се грижи за хигиената на пазарот“-истакна директорот.
Нема да се реализира проектот која го најавуваше екс директорот Ваљон Џила. Засега во планов на Кванташкиот пазар не влегува изградба на административни простории. Тоа не ни е приоритет, па затоа ќе посветиме поголемо внимание на основните работи, вели Кутаноски.
Најави дека активностите ќе започнат деновиве, а се очекува Кванташки пазар да биде уреден пред поечетокот на летната сезона.
{loadposition content9}