Горивата поевтинуваат од 1,5 до 3 денари по литар
Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 до три денари за литар, а цената на бензините се намалува за 1,5 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,2 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,5 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за три денари за литар и ќе се продава за 71 денар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 70 денари.
Со одлуката на РКЕ за 0,028 денари за килограм се зголемува малопродажната цена Мазутот М-1 НС и ќе чини 41,437 денари.