Skip to main content

XV Меѓунарoден натпревар “Giovani musicisti” – Тревизо, Италија

Врвни настапи и награди на музичките таленти од ОМУ „Методи Патче“

Ученичката Катја Крстаноска, од класата по пијано на проф. м-р Ана Ѓорѓиоска, освои висока ПРВА награда во категоријата родени 2015 година.
 |  инфодеск  | 
Катја натпревар Италија

Од 21-23 aприл во Тревизо- Италија, се одржа XV Меѓунарoден натпревар “Giovani musicisti”. Оваа година учество зедоа млади музичари од повеќе од 15 држави од целиот свет ( Италија, Украина, Словенија, Хрватска, Македонија, Србија, Кина, Романија, Полска, Чешка, Германија, Австрија, Јужна Кореа, Албанија, Босна и Херцеговина и др).

натпревар Италија ОМУ Методи Патче

Трите претставнички од Охрид, ученички во ООМУ “Методи Патче”, постигнаа забележителни резултати и се закитија со значајни награди.
Од класата по пијано на проф. м-р Ана Ѓорѓиоска, ученичката Катја Крстаноска освои висока ПРВА награда во категоријата родени 2015 година. Додека, пак, ученичката Ана Кузманоска освои ТРЕТА награда , во силна конкуренција од категоријата родени 2009-2011.
Од класата по флејта на проф. м-р Нина Момировска, ученичката Ива Чанова освои ТРЕТА награда, во категорија родени 2006-2008. Во оваа категорија беше доделена една прва награда , втората награда не се додели, и третата награда и’ припадна на нашата претставничка.
-информираа од музичкото училиште Методи Патче.


И покрај големата конкуренција и високите критериуми на оценување, сите три натпреварувачки од Охрид биле забележани од реномираното жири кое упатило пофални зборови за нив и на нивните ментори, како мотив и инспирација за идни достигнувања.